Моќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судбини, за да ги измерат небото и длабочините на универзумот, но и копнежот и силината на човечкиот дух. Роман со богата палета од неочекувани ликови, кои ќе ве поведат на возбудливо патување низ дивите предели на Феникс, Аризона.
Младата професорка Аманда Брајтон – брилијантен научник по астробиологија, една вечер ќе биде поканета на свечен прием во куќата на Оскар Леблан – Кралот на челикот. Од тој момент, нејзиниот мирен и едноставен живот ќе се заплетка со членовите на ова моќно и богато семејство…
Меѓутоа, секој од нив крие опасна тајна, а таа ќе биде принудена да се избори со сите нив, па дури и со самата себеси, за да ги сочува своето професионално достоинство и својата чест. Нејзината единствена слабост, во борбата да ги избегне опасните замки на судбината, се потполно неочекуваните чувства кон помладиот син Вилијам...
Линија помеѓу две неба
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Катерина Серафимовска
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Убавицата од харемот
И покрај петстотини убави жени во харемот, само една со своите вештини го освојува срцето на султано..
329 ден 470 ден
Шумот на времето
Димитри Димитриевич очигледно направил некаква ужасна грешка, затоа што власта одеднаш почнува да се..
259 ден 370 ден
Дванаесетте соби на Нил
Тој е женкар и боем, и во тој момент сѐ уште немал напишано ниту еден збор од Госпоѓа Бовари. Таа ќе..
375 ден 500 ден
