Шеснаесетгодишната Стар живее растргната меѓу два света: сиромашното и озлогласено место во кое е родена, каде што живее со семејството, и „фенси“ средното училиште во богатото предградие, во кое ја запишале нејзините родители за да ја извлечат од него. Рамнотежата која инаку едвај ја одржува исчезнува кога ќе стане сведок на убиството на нејзиниот другар Калил, кого без предупредување, невооружен, бил застрелан од бел полицаец. Сите очи се вперени во Стар, чие сведочење сега има моќ да ја разори локалната заедница, а може да ја чини и живот.
Овој роман е инспириран од движењето #BlackLivesMatter, и ја следи борбата на една млада девојка за правда, но и за човечност и смисла, во светот во кој границите некогаш се нејасни, а расните проблеми изгледаат нерешливи.
„Енџи Томас напишала восхитувачки, умешен и чувствителен роман што ќе остане како класика на нашето време." - Џон Грин, автор на бестселерот Светот не е фабрика за исполнување желби
„Едноставна, моќна проза обликувана со природност и сочувствителен глас на својата главна хероина, деликатно извајани ликови и многу замрсени, но реалистични меѓучовечки односи - сето тоа ќе ве натера да навивате за Стар и да најдете место во вашето срце за нејзините пријатели и семејството. Ваков роман е неопходен. Оваа приказна е важна." - Киркус Ревју
Слични продукти
Половината што ми недостига
Од град можеш да избегаш, но од крвта не се бега.Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од..
500 ден
Нишка
Топла, живописна и прекрасно обликувана, „Нишка“ е безвременска приказна за пријателството, за љубов..
550 ден
Последното уметничко дело
Последното дело на светски познатата уметница Хана Стилтје на прв поглед не е импресивно. Кога ќе го..
500 ден
Мајки и ќерки
Кога сопругот на Наоми почина, таа мислеше дека нејзиниот живот веќе завршил. Две години подоцна таа..
550 ден
Ознаки: omrazata sto ja sees, endji tomas

