Безвременски роман за храброста, љубовта и трајната моќ на книгите, инспириран од вистинска приказна за неколкуте книжарници што го преживеале германското бомбардирање на Лондон за време на Втората светска војна.
Август 1939 година: Лондон се соочува со закана од претстојната војна со Германија, додека силите на Хитлер продолжуваат да напредуваат во Европа. Во овој вител на неизвесност влегува Грејс Бенет, млада девојка, која копнее за нов почеток на раздвижените лондонски улици, далеку од монотониот живот на село. Со желба да работи во стоковна куќа, не ни замислувала дека ќе се вработи во „Примроуз хил“, правлива, стара книжарница сместена во срцето на градот – зашто, на крајот на краиштата, никогаш не била голем вљубеник во пишаниот збор.
Преоптоварена со уредувањето на преполната книжарница, таа нема време да ги чита книгите што ги продава. Но, кога еден убав млад човек ѝ подарува книга пред да биде повикан во војна, она што започнува како обврска, станува страст што ја вовлекува во неверојатниот свет на книгите.
Додека секоја ноќ над градот се истура дожд од бомби, Грејс ја открива моќта на зборовите и читањето и ги обединува луѓето под закрила на книжарницата, црпејќи нова сила од магичните, книжевни светови – сила, што триумфира дури и над најтемните ноќи од војната...
Последната книжарница во Лондон
- Издавачка куќа: Букленд
- Автор: Медлин Мартин
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Ловец на спомени
„Ловец на спомени“ е егзистенцијална сага, драматична игра проткаена со копнеж. Виртуозна прика..
263 ден 350 ден
Прашајте ја Миичка
Сестрите Миичка и Лиличка одлучуваат животот да го стават на пауза и летото да го поминат во селскат..
266 ден 380 ден
Куќата покрај фјордот
Кога Ана Харвик пристигнува во Норвешка во 1946 година, земјата сѐ уште закрепнува по петте сурови г..
390 ден 520 ден

