Двајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи.

Еден летен ден во 1596 година во Стратфорд, единаесетгодишното девојче Џудит одненадеж ќе го кутне силна грозница. Хамнет, нејзиниот брат близнак, е во панична потрага по помош. Но, нема никој дома.

Мајката Агнес се наоѓа на имот оддалечен речиси два километри каде одгледува лековити билки и пчели. Таткото работи во Лондон. Ниту еден од нив не насетува дека едното дете ќе им умре.

Романот Хамнет е силна приказна за бракот и семејството кои се опустошени од тага и загуба, но и нежен, незаборавен портрет на момче чиј живот е заборавен, а чие име ја носи една од најпознатите драми на сите времиња.

Импресивното дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на англиски јазик последниве години, светски бестселер и добитник на престижни награди, меѓу кои „Воменс прајз“ и „Бритиш бук авордс“.

„Приказната за Хамнет Шекспир го чекала својот раскажувач повеќе од четиристотини години. Меги ѝ ја даде должната почит. Извонредно, потресно, импресивно.“ – Камила Шамси

„Хамнет е круна на книжевната кариера на Меги О’Ферел. Книга која се сака и се чува.“ – „Обзервер“

„Вистински скапоцен камен“ – „Космополитен“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Хамнет

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Меги О`Ферел
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден
  • 336 ден


  • 1 или повеќе 336 ден

Слични продукти

Чудо

Нема да ви опишам како изгледам. Како и да ме замислувате, најверојатно е полошо од тоа.Август Пулма..

Автор:

312 ден 390 ден

Како да го запреш времето

Том Хазард штотуку се врати во Лондон, за да се вдоми и стане наставник по историја во основно учили..

Автор:

368 ден 490 ден

Катананхе

Сопружниците Лесја и Олекса, заедно со ќерката тинејџерка Таја и кучката Дина живеат во обична зград..

Автор:

266 ден 380 ден

Незначајни партнери

Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од св..

Автор:

392 ден 490 ден

Ознаки: hamnet, megi o'ferel