Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните.
Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?
Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.
Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.
„Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“ - Тајмс, Велика Британија
Лажливиот живот на возрасните
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Елена Феранте
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Девојката на перонот
Инспиративен, крајно потресен роман заснован на вистинската приказна за Либертас Шулце-Бојзен, храбр..
343 ден 490 ден
Еден ден со тебе
Еден ден, пет животи, но чии срца ќе бидат скршени со завршувањето на ноќта?Денот за сите започна во..
368 ден 490 ден
Надеж помеѓу страниците
Секоја приказна што започнува со библиотека, прераснува во магична бајка.Клара ѝ помага на нејзината..
328 ден 469 ден
