„Приказна за љубовта и темнината“ е семејна сага и магичен автопортрет на Амос Оз, кој нè води на едно заводливо патување во своето детство и младост. Приказна за момче што расте во разрушените улици на воениот Ерусалим во 1940-тите и во 1950-тите години, во мал стан пренатрупан со книги на многу јазици. Трагична историја на едно наизглед нормално и среќно семејство. Животот на Амос засекогаш се менува по самоубиството на неговата мајка кога тој имал само 12 години. Оз е човек што ги остава зад себе ограничувањата што му ги поставуваат семејството и неговата заедница задоена од дневна политика и наследените култура и религија. Тој го менува своето име, се жени, основа семејство и се вклучува активно во политичкиот живот на својата нација. Лична и потресна „must read“ биографија, која ќе ве воодушеви и ќе ве расплаче.

Во 2015 година Натали Портман го режира истоимениот филм. Самата ја толкува улогата на мајката на авторот и зборува на хебрејски јазик.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Приказна за љубовта и темнината

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Амос Оз
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден


Слични продукти

Семејни врски

Нариман Вакил, пензиониран професор, ќе биде принуден поради здравствени проблеми да живее со семејс..

Автор:

450 ден

Тие што се сакани

Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа г..

Автор:

499 ден

Равенка на стравот

"Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета..

Автор:

300 ден

Последната куќа од улицата

Дијана Чејмберлен е убедливо виртуоз за приказни исполнети со длабоки емоции. Проникливоста во човеч..

Автор:

500 ден

Ознаки: prikazna za ljubovta i temninata, amos oz