Величествен, опсежен роман за желбата, амбицијата и жедта за знаење. Вметнувајќи го својот уникатен глас во волшебна приказна за љубов, авантури и откритија, Елизабет Гилберт го опфаќа периодот од XVIII и XIX век.

Романот ја следи судбината на необичното семејство Витакер, на чело со бизнисменот Хенри, Англичанец од сиромашно потекло, кој стекнува огромно богатство во Јужна Америка благодарение на трговијата со кинин и на крајот станува најбогатиот човек во Филаделфија. Неговата ќерка Алма, родена во 1800 година, покрај парите, ја наследува и татковата интелигенција, па станува надарена ботаничарка. Како што истражувањата ја водат кон длабоките мистерии на еволуцијата, таа се вљубува во Амброуз Пајк, човек што слика неповторливи орхидеи и ја одвлекува во свет поразличен од нејзиниот – свет на духовното, божественото и магичното. Алма е трезвен научник, Амброуз уметник на утопија – но тоа што го обединува овој необичен пар е очајната желба да сфатат како функционира светот...

Извонредно истражен и раскажан со галопирачко темпо, романот нè води низ целиот свет – од Лондон до Перу, Филаделфија, Тахити, Амстердам… Напишана со смел, предизвикувачки дух на тоа време, мудрата, промислена и волшебна приказна на Гилберт со сигурност ќе ги освои срцата и умовите на читателите.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Белегот на сите нешта

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Елизабет Гилберт
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден


Слични продукти

Саботна бура

Тинејџерката Каси порасна во Лајден, град помеѓу Хаг и Амстердам. Но, нејзината мајка одеднаш одлучу..

Автор:

350 ден

Будење

Романот "Будење" од Кејт Шопен е објавен во 1899 година и во истото време е окарактеризиран како сра..

Автор:

399 ден

Белата кралица

Кралицата на британската историска фикција Филипа Грегори, почнува нова серија со приказната за Елиз..

Автор:

550 ден

Храброста на жената

Раскази од животот и за животот, за пријателството, за љубовта, за силата и храброста на жената, за ..

Автор:

250 ден

Ознаки: belegot na site nesta, elizabet gilbert