1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел од темна лондонска уличка, Нела го чека својот најнов клиент. Некогаш почитувана исцелителка, сега го користи своето знаење за мрачна цел - им продава добро прикриени отрови на очајни жени, кои би убиле за да се ослободат од мажите во своите животи.

Правило бр. 1: Отровот никогаш не смее да се користи за да се повреди друга жена.

Правило бр. 2: Имињата на убиецот и жртвата мора да бидат запишани во дневникот на аптекарката.

Кога ќе се покаже дека нејзиниот нов клиент е дванаесетгодишно девојче по име Елајза, неочекуваното пријателство започнува низа настани кои го загрозуваат светот на Нела и се закануваат да ги разоткријат многуте жени чии имиња се запишани во нејзиниот дневник.

Во денешен Лондон, амбициозната историчарка Керолајн ја поминува осамено десетгодишнината од својот брак. Кога ќе најде старо аптекарско шишенце на брегот на реката Темза, поврзано со нерешените „аптекарски убиства“ што го прогонувале Лондон пред повеќе од два века, животот на Керолајн ќе се преплете со животот на Нела и Елајза во неверојатен пресврт на судбината...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тајната аптека

  • Издавачка куќа: Букленд
  • Автор: Сара Пенер
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 315 ден


  • 1 или повеќе 315 ден

Слични продукти

Насон те љубев

Натали е стјуардеса, има убав живот со сопругот и двете возрасни ќерки, во прекрасна куќа на брегот ..

Автор:

443 ден 590 ден

Војна и љубов

1917 год. Првата светска војна е во својот зенит, кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една за..

Автор:

416 ден 520 ден

Островот на срцебиењето

Роман кој со својата едноставност успева да го трогне читателот и да пренесе пораки од непроценлива ..

Автор:

338 ден 450 ден

Болка во џебот

Роман за слепата љубов, насилството и капитализмот. Базиран е на вистински настан – пожар на патничк..

Автор:

188 ден 250 ден

Ознаки: tajnata apteka, sara pener