Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега?

Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ù е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Таа е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ù ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како приказната на Евелин се приближува кон крајот, станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Седумте мажи на Евелин Хуго

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Тејлор Џенкинс Рејд
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

Долга реса крај морето

Приказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се..

Автор:

338 ден 450 ден

Загубените писма

Во мугрите на првата светска војна, во градината каде штотуку процутила љубовта, една девојка мора д..

Автор:

368 ден 490 ден

Сребрениот куфер

Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелиј..

Автор:

384 ден 480 ден

Дабот се уште e тука

Потресен роман за копнежот, вината, бесмртното пријателство и пронаоѓањето животна рамнотежа по разу..

Автор:

300 ден 400 ден

Ознаки: sedumte mazi na evelin hugo, tejlor djenkins rejd