Од денот кога старата нана Реха го најде напуштеното бебе под мостот, животот во малиот мексикански град се смени засекогаш. Осакатен и завиткан во ќебе од пчели, малиот Симонопио за дел од локалните жители се претвори во суеверие, дете бакнато од Ѓаволот лично. Но, земјопоседниците Франциско и Беатрис Моралес му посакаа добредојде, го посвоија и се грижеа за него, како да е нивно чедо.

Како растеше, така тој стануваше причина за огромна зачуденост во семејството Моралес, зашто кога неверојатно надареното дете ќе ги затвореше очите, го гледаше сето тоа што не можеше никој друг да го види, визии од се што допрва требаше да се случи и убаво и опасно. Придружуван од заштитничкиот рој пчели и живеејќи за да го заштити своето посвојувачко семејство од закани и човечки и природни, целта на постоењето на Симонопио во Линарес ќе биде откриена, со текот на времето...

"Шепотот на пчелите на Софија Сеговија е еден од оние магични романи, во кои реалноста се судира со таинственоста, некои го нарекуваат магичен реализам, други, пак, и дозволуваат на фантазијата да зборува. Јас припаѓам на овие вториве." - Todo Literatura

"Носталгичниот роман на Софија Сеговија, инспириран од семејни шеги, нуди заводлива проза. Многу личи на фикцијата на Гарсија Маркез, но поседува сопствен североисточен мексикански тон. Шепотот на пчелите е неверојатно интересно четиво, тоа е една од оние книги на годината со незаборавни и добро изработени пасуси." - Hojeando, El Norte

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Шепотот на пчелите

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Софија Сеговија
  • Достапност: На залиха
  • 630 ден


Слични продукти

Последната роза во Шангај

Номинирана за најдобра историска фикција на „Гудридс“ за 2022 година.Во Шангај, окупиран од Јапонија..

Автор:

600 ден

Браќа по душа

Алфа и Мадемба се двајца од безбројните сенегалски војници што се борат во Големата војна. Тие ..

Автор:

390 ден

За пет години

Каде се гледате себеси за пет години?Дени Коен живее според правила. Млада е и амбициозна и точно зн..

Автор:

350 ден

Вистинскиот живот

Книгата ги истражува мрачните вистини за растењето во дом исполнет со насилство и страв, како и посл..

Автор:

300 ден

Ознаки: sepotot na pcelite, sofija segovija