Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа граѓанската војна, по штo доаѓа и воената диктатура, настани што оставија длабоки лузни на таа почва.

Атина, 1941 година. По неколку децении политичка независност, Грција е поделена на левица и на десница токму во моментот кога ја окупираат Германците. Петнаесетгодишната Темис потекнува од семејство што е поделено од политичките разлики. Нацистичката окупација го продлабочува јазот меѓу тие што ги сака, исто како што ја разорува и целата Грција. Таа е сведок на тоа како нејзините пријатели умираат од глад и сѐ што гледа ја наведува да даде некаков отпор.

За време на граѓанската војна што доаѓа по завршувањето на окупацијата, Темис ѝ се придружува на комунистичката војска и тука доживува голема љубов и голема омраза, исто како парадоксите што изобилуваат во војната во која Грк се бори против Грк. Прогонета на островите, Темис запознава една затвореничка, чијшто живот се испреплетува со нејзиниот на начин на кој никако не можела да предвиди... 

Овој моќен роман го осветлува сложеното и трауматско грчко минато и го вткајува во епската приказна за обичната жена, која била принудена да проживее исклучително необичен живот.

„Гледиштето на Викторија Хислоп на историјата во нејзините романи претставува олицетворение на сочувство и на добрина.“ – „Скотсман“

„Никој не пишува за Грција како Викторија Хислоп“. – „Ред магазин“

„Таа возбудливо ја оживува грчката историја... Требало да спроведе детално историско истражување, но тоа не ја задушува приказната“. – „Сандеј тајмс“

„Прекрасна, уникатна љубовна приказна и чудесни, потресни описи на земјата распарчена од омраза“. – „Дејли експрес“

„Потресно четиво, кое ве враќа низ времето“. – „Ес/магазин“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тие што се сакани

  • Автор: Викторија Хислоп
  • Достапност: На залиха
  • 499 ден
  • 374 ден


  • 1 или повеќе 374 ден

Слични продукти

Разговори во четири очи

Ана и Хенрик се во брак дванаесет години и имаат три деца кога нивната врска почнува да се распаѓа. ..

Автор:

175 ден 250 ден

Лавовите од петтата авенија

Една навидум безопасна ситуација може да ја доведе во прашање егзистенцијата на едно среќн..

Автор:

390 ден 520 ден

Ахиловата песна

Грција во старо време на богови и јунаци.Поради едно случајно убиство, осамениот принц Патрокле е пр..

Автор:

400 ден 500 ден

Кула од карти

Животот на Софија и Марко, и на нивното мало синче Тадеј, по случувањата од романот „Продолжи да оди..

Автор:

245 ден 350 ден

Ознаки: tie sto se sakani, viktorija hislop