"1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони…" - ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУН
Но овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…
За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…
Слични продукти
Божиќ засекогаш
Додека го промовира својот нов божиќен роман писателката Рајли Рејнолдс останува без зборови. З..
500 ден
Недела попладне
Малиот Тео расте со сознанието дека не е обично дете, односно дека е „специјален“. Поради тоа, тој м..
370 ден
Невидливите бесови на срцето
Поминав толку време туркајќи го чамецот што заборавив да се качам во него. Сега е на отворено море и..
750 ден
Американската авантуристка
Приказната за Џени Џером Черчил, мајката на Винстон Черчил, наследничка родена во Њујорк, ..
650 ден
Ознаки: vikontot koj me sakase, djulija kvin

