Дали би се оддалечиле од сопственото дете само за да му овозможите спокоен живот? Кога срцето на една мајка е ставено на тест: колку болка може да издржи за повторно да си го врати своето дете – резултатите се зачудувачки...
Животот на Рејчел не е совршен, но таа е среќна. Живее идиличен живот со својот сопруг и нивната ќерка Бека – која прави срцето да ѝ експлодира од љубов. Но еден погрешен потег и униши сѐ што таа некогаш градела. Рејчел ја напушта куќата и нејзиното семејство кое толку многу го сака. Срцето ѝ е скршено – ја изневери довербата на нејзината ќерка Бека.
Повеќе ништо не е важно бидејќи ништо не е толку лошо во споредба со она што таа однатре го чувствува. Секој ден живее со вина која сѐ повеќе натежнува и се обвинува за живототот што некогаш го имаше и го изгуби. Таа не може да си прости и секој знае дека тоа што го доби, го заслужи. Но, одеднаш таа сфаќа дека работите не се такви какви што мислеше дека се и нејзиниот сопруг не е оној кој мислеше дека е: вистината за која толку многу се казнуваше е изградена од песок кој се лизга – ќерката која толку многу ја сакаше неправедно е одделена од неа…
Историска сага за љубовта и омразата, простувањето и храброста, на една жена која успева да ги надмине животните бариери и да пробие нови патишта кои водат директно до успехот. Топла приказна за мајчинската љубов која го менува животот на своето дете.
Слични продукти
Сите цвеќиња во Париз
Две жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни к..
420 ден
Нултиот час
Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случ..
500 ден
Играта на господин Филип
Пензионерот Филип добива покана од продукциска куќа да учествува, како натпреварувач, во шоуто – „Шт..
350 ден
Лавиринт од чемпреси
Дали тајната што е чувана уште од Втората светска војна може да им наштети на невините или да ги осл..
520 ден
Ознаки: izgubenata kjerka, ali merser

