Од град можеш да избегаш, но од крвта не се бега.
Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од едното и од другото. Стела и Дезире растат во малото гратче Малард. Во детството неразделни, откако ќе избегаат во големиот град нивните животи тргнуваат во поинакви насоки, со различни семејства, заедници и ставови за расниот идентитет. Стануваат два различни света.
По многу години, едната сестра се враќа со својата црна ќерка во родниот град, а другата половина, Стела, влегува во светот во кој не припаѓа – нејзиниот бел маж не знае ништо за нејзиното минато. Но дури и одвоени со километри и со многу лаги, судбините на близначките остануваат испреплетени. Што ќе се случи со следната генерација кога ќе се вкрстат приказните на нивните ќерки?
Зафаќајќи ги темите за двојните стандарди во идентитетските и национални разлики, од Длабокиот Југ до Калифорнија од 1950 до 1990 година, Брит Бенет создава емотивна приказна за семејството и за американската историја.
„Половината што ми недостига е роман на годината, речовит нов влез во книжевноста преку најсуштествените теми за идентитетот.“ - Тајм
Слични продукти
Согласност
Повеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставу..
430 ден
Реконструкција
Мајка го убива својот четиригодишен син и се самоубива, без да остави проштално писмо, ниту какво би..
350 ден
12 стола
„12 стола“ е класика на светската сатира. Книга којашто Индепендент ја нарекува „Book Of A Life..
500 ден
Приказна за љубовта и темнината
„Приказна за љубовта и темнината“ е семејна сага и магичен автопортрет на Амос Оз, кој нè води на ед..
600 ден
Ознаки: polovinata sto mi nedostiga, brit benet
