Потресен и мудар роман за немирната совест и болните семејни односи...

Секоја вечер, додека ги закопчува пижамите и се поздравува со сопствениот одраз во огледалото, главниот лик на овој роман, Јосип Мајдак, се подготвува за својата смрт. Секоја вечер се одвиваат и нашите генерални проби на умирањето, во кои, исто како него, легнуваме со надеж дека утрото сепак ќе станеме. Кога ќе ја положиме главата на перница – без разлика дали таа е со пердуви или анатомска, она што дише покрај нас, онаа нејасна присутност што останува кога ќе се изгасат и светлата и сенките, е нашата совест.

Наутро тивко се подигнуваме и се искрадуваме од постелата за да не си ја разбудиме совеста. Но совеста на часовничарот Јосип бдее будна во ноќта и веќе никогаш нема да заспие. Ќе му ги довлечка в постела сите оние на кои тој одамна заборавил: покојници, живи и оние за кои не се знае. Тоа е еден круг од околности – замка во која паѓаме уште при раѓањето. Ако читателот му суди на Јосип Мајдак, можеби ќе си суди и себеси. Добра ноќ, совест!

„Во рацете на Михаела Гашпар може да се замислат сите занаетчиски вештини, сите занаетски нарави: каменорезец, бравар, столар, лончар, ѕидар, кожар, чевлар, часовничар. Може да се видат рацете на стакларот и рацете на месарот. Тастатурата така реагирала на рацете на скулпторката, плетејќи реченици, меки и жестоки, реченици што тивко жуборат и што нагло се рушат.“ - Драган Јурак

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Часовничарот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Михаела Гашпар
  • Достапност: На залиха
  • 250 ден


Слични продукти

Вистинскиот живот

Книгата ги истражува мрачните вистини за растењето во дом исполнет со насилство и страв, како и посл..

Автор:

300 ден

Каде што почнува небото

Лондон, 1940 година. Паѓаат бомби, а светот на Џози Бенкс се руши околу неа. Не може да го контактир..

Автор:

490 ден

Мапирање на сол и ѕвезди

Во традицијата на романите на Халед Хосеини, приказна за судбината на семејства во потрага за мир и ..

Автор:

420 ден

W - Штикс

Игор Штикс е левичарски интелектуалец кој по повеќе од дваесет и пет години се враќа на Јадранот за ..

Автор:

450 ден

Ознаки: casovnicarot, mihaela gaspar