Возбудлив историски и шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби. Младата шивачка Сира Кирога во 1936 година го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните.

Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности, меѓу кои Хуан Луис Бајгбедер, загадочниот министер за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс, неговата љубовница, и поморскиот аташе Алан Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Тие ќе ја втурнат во тајна мисија чиј параван ќе биде нејзиниот занает.

Книга што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Конци на судбината

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Марија Дуењас
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден


Слични продукти

Казна за гревот: Книга на спомените

Ова е вториот дел од трилогијата "Казна за гревот" на познатата српска авторка Ј. Б. Алимпиќ. Како и..

Автор:

390 ден

Последната роза во Шангај

Номинирана за најдобра историска фикција на „Гудридс“ за 2022 година.Во Шангај, окупиран од Јапонија..

Автор:

600 ден

2248

Малиот Ангел, дете со аутизам, исчезнува на плажа покрај Охридското Езеро. Полицијата е во потрага –..

Автор:

360 ден

Некој ми го знае името

Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбит..

Автор:

299 ден

Ознаки: konci na sudbinata, marija duenjas