Неверојатна приказна за страдањето и преживувањето на еден затвореник во Аушвиц, интернационален бестселер и единствената книга целосно напишана во логорот.
Еди де Винд, холандски лекар и психијатар, бил испратен во Аушвиц со својата сопруга Фридел во 1943 година. Тие го поминале бруталниот процес на селекција и биле работно ангажирани. Секој ден, секоја минута станале битка за опстанок. За Еди, ова значело преговори со непредвидливите чувари во болничкиот блок. За Фридел тоа значело избегнување на нацистичките варварски експерименти. Како што се приближувал крајот на војната, нацистите избегале, водејќи со себе многу затвореници. Еди се скрил под куп стара облека и останал во логорот.
Наоѓајќи бележник и молив, тој во наплив на инспирација почнал да пишува за своите искуства. Резултатот е „Последна станица Аушвиц“, извонредна приказна за животот како затвореник, запис за борбата за преживување, но и за треперливите моменти на радост што Еди и Фридел ги наоѓале еден во друг. Документирајќи ги најдоброто и најлошото од човештвото, ова е уникатна и безвременска приказна што нè потсетува на она за што сме способни како луѓе, но и дека има надеж дури и во пеколот.
Последна станица Аушвиц
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Еди де Винд
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Каде што почнува небото
Лондон, 1940 година. Паѓаат бомби, а светот на Џози Бенкс се руши околу неа. Не може да го контактир..
368 ден 490 ден
Заеднички стан
Тифи и Леон делат стан. Тифи и Леон делат кревет. Тифи и Леон никогаш не се сретнале...На ..
368 ден 490 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
Ознаки: posledna stanica ausvic, edi de vind
