Напишан од двојна перспектива на тинејџер и на возрасен човек, „Детството на Каспар Хаузер“ е роман за созревањето, но и за распаѓањето на човекот под притисок на сложениот семеен живот (во кој се вклучени отсуството на таткото и присуството на неколкуте очуви), но и општиот хаос што владее во Романија во 1980-тите и 1990-тите години.
Момчето ја започнува својата приказна со јасен глас, обидувајќи се од најразличните настани што се случуваат во текот на неговото проблематично детство на периферијата од Букурешт да создаде една за него разбирлива слика за светот. Но, растејќи во нефункционално семејство и во друштво на насилни другари, млади отпадници, станува збунет самотник.
Во вториот дел го среќаваме младиот човек како се претвора во скептична, но разумна личност подготвена да го прифати својот дел во напнатата и честопати трауматична стварност на времето во кое живее.
Ова е роман загатка, составен од повеќе приказни, и обид книжевно да се опише еден од најмрачните моменти од поновата историја на Романија. Книгата доби позитивни критики во матичната држава и доживеа три изданија за неполни четири месеци од објавувањето.
Детството на Каспар Хаузер
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Богдан-Александру Станеску
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
225 ден
-
- 1 или повеќе 225 ден
Слични продукти
Хартиената палата
Местото што ги знае сите тајни.Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајк..
400 ден 500 ден
Часови по измама
ПатникИмам сѐ, а врз мапатана мојата душа празни местасѐ уште вдлабени. Неистраженипредели каде што ..
160 ден 200 ден
Пациентот од соба 19
Пациентот од собата 19 во својот монолог пред психијатарот раскажува за клучните точки на своето дет..
266 ден 380 ден
На плажата Чесил
Во 1962 година, Флоренс и Едвард го прославуваат почетокот на својот меден месец во еден хотел покра..
273 ден 390 ден
Ознаки: detstvoto na kaspar hauzer, bogdan aleksandru stanesku
