Тинејџерката Каси порасна во Лајден, град помеѓу Хаг и Амстердам. Но, нејзината мајка одеднаш одлучува да се преселат во мало село во источна Холандија. Зошто? Каси не знае. Во селото се чувствува изгубено и осамено. Работи во супермаркетот на алчниот, суров и лицемерен господин Стру . Се обидува да заработи малку пари, за да може повремено од заостанатото село да се врати назад во градот – кај нејзините другари и пријатели. Една сабота, кога заврши со работа, враќајќи се со велосипедот дома каде што живее со мајка ѝ, времето е тмурно и тешко, а таа брза за да не ја фати бура.
Брзајќи накај дома, Каси е нападната од четири момчиња. Едниот од нив е Едвин, синот на најмоќниот човек во селото. Додека се обидува да избега од напаѓачите, се искачува до замокот на ридот каде што сама живее една чудна жена. Децата ја викаат вештерка, но многу луѓе ја сметаат за криминалец и тие мислат дека не ѝ е дозволено да го напушти замокот… Лошите работи некогаш можат да нè доведат до нешто убаво. А оние луѓе што на прв поглед изгледаат чудно, па дури и опасно, можат да ни станат најдобри пријатели. Дури и повеќе од тоа…
Во потрагата по семејните корени, се случуваат вистински драми, а навлегувајќи во светот на возрасните, Каси ја доживува и својата прва вистинска љубов. „Саботна бура“ се занимава со прашањето да се бега или да се бори?! Целата сторија е проникната со цивилизациските и современите дилеми на западноевропските држави…
Саботна бура
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Мартине Гласер
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Каде што почнува небото
Лондон, 1940 година. Паѓаат бомби, а светот на Џози Бенкс се руши околу неа. Не може да го контактир..
368 ден 490 ден
Ловец на богатство
Шарлот Берд е богата наследничка која штотуку ја воведуваат во високата класа. Таа не се снаоѓа добр..
473 ден 630 ден
Приказничар
"Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво..
225 ден 300 ден
Сите опустошени места
1946 година. Три години по катаклизмичниот настан кој им ги разнишува животите од корен, мајка и ќер..
440 ден 550 ден
Ознаки: sabotna bura, martine glaser
