Човекот познат како Вајлди е мистерија за сите, вклучително и за себеси. Пред неколку декади бил пронајден како момче кое живеело длабоко во шумата, без сеќавања за неговото минато. Откако полициската потрага по семејството на момчето била безуспешна, тој бил даден на посвојување.

Сега, триесет години подоцна, Вајлди сè уште не знае од каде доаѓа и живее во шумата во едно предградие, претпочита да биде сам и има само неколку подлабоки врски со други луѓе.

Кога ќе исчезне едно локално девојче, познатата ТВ-адвокатка Хестер Кримстајн – со која Вајлди го поврзува еден трагичен настан – ќе го побара да ги искористи неговите уникатни способности за да ја најде. Во меѓувреме, група поранешни воени експерти за безбедност пристигнуваат во градот и кога ќе исчезне уште еден тинејџер, влијанието на случајот се шири надвор од границите на мирното предградие. Вајлди мора да се врати во заедницата во која никогаш не се вклопувал и во која моќните се заштитени дури и кога нивните тајни можат да ги уништат животите на милиони... тајни што Вајлди мора да ги открие пред да биде предоцна.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Момчето од шумата

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Харлан Кобен
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 344 ден


  • 1 или повеќе 344 ден

Слични продукти

Преживеј за да раскажуваш

KОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и..

Автор:

336 ден 420 ден

Последното нешто што ми го кажа таа

Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат н..

Автор:

315 ден 420 ден

Тивката ноќ на Херкул Поаро

Најславниот детектив на светот, легендарната ѕвезда на романите на Агата Кристи, повторно ги активир..

Автор:

338 ден 450 ден

И не остана ниту еден

Осум луѓе, кои меѓу себе не се познаваат и немаат никаква врска еден со друг, се поканети да дојдат ..

Автор:

304 ден 380 ден

Ознаки: momceto od sumata, harlan koben