Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома.

Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат. Џејни е претерано поврзана со Кристофер и почнува со вознемирувачки испади, насочувајќи го целиот бес кон Хана. Хана никако не може да се зближи со Џејни, па почнува да попушта под притисокот, особено затоа што Кристофер одбива да ја гледа Џејни со објективни очи и да признае дека нешто не е во ред со нејзиното однесување.

Хана знае дека Џејни манипулира со Кристофер и дека намерно го оддалечува од неа, иако таа се обидува да го зближи целото семејство. Но вистината што се крие во минатото на Џејни веројатно е доволна да го распарчи целото семејство.

Морничав трилер за млад пар очаен за дете… и страшните последици од исполнувањето на нивната желба.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Совршеното дете

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Лусинда Бери
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

Умри двапати

Детективката Џејн Рицоли и патологот Мора Ајлс истражуваат бизарно убиство во Бостон. Пронајден е ма..

Автор:

368 ден 490 ден

Тивката ноќ на Херкул Поаро

Најславниот детектив на светот, легендарната ѕвезда на романите на Агата Кристи, повторно ги активир..

Автор:

338 ден 450 ден

Бебиситерката

Една убиена жена, едно исчезнато бебе, еден осомничен и многу прашалници. 33-годишната Керолајн Харв..

Автор:

385 ден 550 ден

Се колнам

Трауматичното минато и кошмарите од детството ја поттикнаа Бри да стане најдобра детективка за убист..

Автор:

336 ден 480 ден

Ознаки: sovrsenoto dete, lusinda beri