Тешко на секој што ќе ја прими…
Во текот на продолжен викенд на Алпите, Марла Линдберг прифаќа покана за петгодишнина од матурата. Но, брзо по пристигнувањето сфаќа дека постои само едно поопасно нешто од напуштањето на изолираниот планински хотел ноќе, на подмрзаниот снег, а тоа е… да не го напушти.
Спомените на Марла се кристално јасни: чудната порака што ја намамила во напуштена породилна клиника. Ликот што се обидел да ја убие. Страшната кашлица со граден свиреж на психопатот за време на борбата за живот.
По години психотерапија, високо интелигентната млада жена сега знае дека сето ова се само лажни спомени. Марла страда од прозопагнозија, односно нарушување на перцепцијата за човекови лица што води до неспособност за препознавање ликови. Во екстремни ситуации, нејзиниот мозок си игра со неа, обидувајќи се залудно да ги препознае луѓето по нивните лица.
Кога Марла ја добива поканата за собирање на класот на Алпите, таа се надева дека средбата со старите другари ќе ѝ врати убави спомени. Кога пристигнува во завеаниот планински хотел, сите соби се веќе зафатени. Каминот гори, има чинии на масата, но таму нема никој. Почнува да ги бара останатите. И тогаш повторно ја слуша. Таа морничава кашлица со граден свиреж, во студениот мрак…
Поканата
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Себастијан Фицек
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Сивиот човек
Книгата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на Нетфликс.Корт Гентри е до..
375 ден 500 ден
Полноќна гозба
Ноќ на отворањето на „Дворецот“, нов луксузен хотел на крајбрежјето во Дорсет. Базенот блеска, во шу..
368 ден 490 ден
Тајната аптека
1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел..
270 ден 450 ден
Ознаки: pokanata, sebastijan ficek

