#1 УБИСТВАТА ВО ОРЕ
Непосредно пред почетокот на скијачката сезона во Оре, на еден од ски-лифтовите е пронајдено мртво тело: смрзнато како камен, со усните истенчени од студ. Многу нешта укажуваат дека се работи за убиство.
Инспекторот Даниел Линдског дома има новороденче и нервозна и исплашена партнерка. Полицајката Хана Аландер долетува во Оре откако е присилена да замине од работното место во градската полиција на Стокхолм, ист ден кога момчето со кое одамна е во врска ѝ раскинува. Двајцата набргу длабоко се внесуваат во истрагата.
„Скриено во снегот“ е првата книга од драматичната серија романи од авторката Вивека Стен, чие дејство се случува на прекрасните шведски планини. Стен ја слика величествената природа преплетувајќи ја со силни описи на ликовите, со што создава напната мистерија за убиства која едноставно го маѓепсува читателот.
Се подготвува снежна бура, температурите вртоглаво паѓаат, сè повеќе животи се во опасност. Уште колку жртви ќе има пред да излезе вистината на виделина?
Скриено во снегот
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Вивека Стен
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Сфинга на гневот
Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат,..
263 ден 350 ден
Ми припаѓаш мене
Истрагата на суровите убиства што ја води детективот во Одделот за убиства Фицпатрик ќе го одведе до..
338 ден 450 ден
Островот Сахалин
Северна Кореја прва го зададе ударот, а САД не го остави ударот без одговор, така што избувна Третат..
323 ден 430 ден
Ознаки: skrieno vo snegot, viveka sten
