Во овој крајно неизвесен трилер на една од најпродаваните авторки на Ју-ес-еј тудеј, Кимберли Бел, патувањето од соништата станува смртоносно кога тајните од минатото ќе ја достигнат брачната двојка во Париз.
Кога Стела се запознава со Адам, мисли дека конечно нашла фин, нормален човек – добредојдена промена во споредба со нејзиното претходно момче и со опасниот живот на висока нога со него. Но, нејзиниот сигурен свет се распаѓа кога Адам исчезнува како последица на експлозија на градскиот плоштад.
Бидејќи не може да го добие, Стела крева паника. Како што истражува француската полиција, се открива дека таа го следела Адам како продавач на ретки и украдени антиквитети со долг список на клиенти криминалци. Потресена од оваа вест, Стела е решена да не замине од Париз додека не ја дознае целата приказна. Дали Адам е случајна жртва или цел на експлозијата? И зошто некој ја следи низ париските улици?
Париската вдовица е неодоливо четиво што се чита брзо. Сместено во едно од најпримамливите места во Европа, ни укажува како злокобните тајни од минатото остануваат со нас – без оглед на тоа колку далеку ќе отпатуваме.
Париската вдовица
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Кимберли Бел
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
390 ден
-
- 1 или повеќе 390 ден
Слични продукти
Умри двапати
Детективката Џејн Рицоли и патологот Мора Ајлс истражуваат бизарно убиство во Бостон. Пронајден е ма..
368 ден 490 ден
Девојките што горат
Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни...
400 ден 500 ден
Совршеното дете
Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен ..
360 ден 450 ден
Ознаки: pariskata vdovica, kimberli bel

