Експертка за говор на телото и сеќавања, и консултантка на полицијата во Осло, психологинката Кари Вос месечари низ деновите, а навечер продолжува со очајната потрага по својот млад син, кој исчезнал на денот на својот роденден, седум години претходно.
Додека сè уште тагува по својот починат сопруг и се обидува да ги собере скршените делчиња од својот живот, таа си дозволува себеси да се впушти во шокантна истрага кога две локални тинејџерки ќе бидат насилно убиени во една семејна викендичка во блиското гратче Сон.
Кога пријател на жртвите е обвинет за овие варварски убиства, се чини дека сите докази се против него и случајот е затворен, но Кари не е убедена во тоа. Со помош на своите инстинкти и вештини, таа спроведува своја сопствена истрага, истрага што ја води до неколку различни осомничени, меѓу кои се и луѓе што добро ги познавале мртвите девојки.
Со помош на инспекторката Рамона Норум, таа открива дека ништо и никој – вклучувајќи ги и жртвите – не е така како што изгледа. И открива дека постои мрачна тајна во срцето на гратчето Сон, тајна што можеби е поврзана не само со исчезнувањето на нејзиниот син туку и со нејзиниот сопствен живот…
Убиствата во Сон
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Томас Енгер, Жоана Густавсон
- Достапност: На залиха
- 430 ден
-
323 ден
-
- 1 или повеќе 323 ден
Слични продукти
Фатена во тесно
Луѓето не исчезнуваат тукутака. Но, токму тоа му се случи на Том Ватли, сопруг на една од колешките ..
364 ден 520 ден
Скриено во снегот
#1 УБИСТВАТА ВО ОРЕНепосредно пред почетокот на скијачката сезона во Оре, на еден од ски-лифтовите е..
413 ден 550 ден
Левораката дама
Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!Енола Холмс е во бег..
210 ден 280 ден
Ознаки: ubistvata vo son, tomas enger, zoana gustavson
