Митот стана реалност – по стотици, ако не и илјадници години, по земјата чекори човек кој ги поседува Сончевите моќи...
Елшата крунисува, елшата гори. Елшата возвиши поранешен хилијарх, а кралот Марко наследи кралство на раб на војна. Несплотени градови, тензија и неизвесност – само со крв се решава спорот, предавници и узурпатори немаат место во Крунски. Останува на Заргла Неда да извојува победа за вистинскиот престолонаследник и да го обедини тоа што Каландар го распарчи.
Една кралска ќерка е заробена во туѓо кралство, каде владее најмоќното божество Ат-Aд, додека другата засведочува како човекот со почиста крв од самиот крал жртвува сè за да си ги исполни своите мистериозни цели. Сами, во два непознати света, и на двете не им се преживува, им се владее.
Среде политичките сплетки и крвавите пресметки, Токиј Токмакот само сака да си го спаси својот другар, да го извлече надвор од подземјето. Тој не трпи неправди, па на својата нова потрага си понесува неочекуван придружник. Пријателствата се скапоцени, а магијата добредојдена во тешките времиња кои безмилосно го поробуваат кралството, гнилејќи го од сржта. Кој кому навистина му ја плети судбината, боговите на луѓето или луѓето на боговите?
Оки железо за магичното сечило
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Елена Бошбож
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Професорот
Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Не..
416 ден 520 ден
Не пукај Истанбул
Колку пати овој град пукал во сите нас…Некој конечно го бара познатиот истанбулски детектив Ремзи Ун..
375 ден 500 ден
Црната круна
„Интересно патување преку континенти и низ времето. Илија Магденоски создава атмосфера исполнета со ..
225 ден 300 ден
