Ноќ на отворањето на „Дворецот“, нов луксузен хотел на крајбрежјето во Дорсет. Базенот блеска, во шумските колиби се поставени торбички со исцелителни кристали за гостите, а коктелот „дворска мазга“ (грејпфрут, ѓумбир, вотка и масло од канабис) се точи во изобилство. Стотици фенери висат од гранките. Свири харфистка во живо. Но, древната шума која се наоѓа околу совршено средениот имот, чува свои тајни.
Локалната заедница, непријателски настроена кон хотелот поради неговото проширување кон плажата и шумата, тивко шепоти за стара паганска легенда – за ноќните птици-одмаздници што може да се повикаат за да донесат правда. Секако, тоа е само легенда, нели?
За време на викендот на отворањето на хотелот, локалната полиција добива повик. Пожар. Мртво тело. Нешто не е во ред со гостите. Што се случило во последните 36 часа во „Дворецот“? И кој – или што – е одговорен за тоа? Сопственичката? Нејзиниот сопруг? Таинствената гостинка? Кујнскиот помошник?
Сè почна со една тајна, пред петнаесет години. А, сега, минатото се појавува како непоканет гостин. И сето тоа ќе заврши со смрт… на летната полноќна гозба. Секој носи свои мотиви. Секој има своја приказна. Но, сите нема да ја преживеат… полноќната гозба.
Полноќна гозба
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Луси Фоли
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Твојот поглед, Чо-Чо-Сан
Во украинскиот град Ужгород, пијан судија на пешачки премин прегазува млада жена и очекувано, помину..
238 ден 340 ден
Ќе го најдам клучот
Дојде време да се дешифрира неверојатно брилијантната мистерија на едно убиство од Алекс Андорил, но..
315 ден 420 ден
Ознаки: polnokjna gozba, lusi foli
