Во овој роман, Џејн Рицоли и Мора Ајлс како главни протагонистки, се соочуваат со грозна сцена на убиство на една филмска продуцентка на хорор филмови. Сцената на злосторството е како ниедна друга, нешто што детективката Рицоли и медицинската истражителка Мора Ајлс никогаш претходно не виделе. Една жена лежи во мирна поза во својот кревет, а Мора не може да ја најде очигледната причина за нејзината смрт, но нема никаков сомнеж дека жената е мртва. Очите на жртвата се отстранети и сместени во дланката на нејзината рака, постапка што потсетува на ужасните филмови што таа ги продуцирала.
Дали некој полуден филмски обожавател ги копира сцените од овие вознемирувачки филмови?
Кога е пронајдена и друга жртва, без очигледна причина за смртта, повторно гротескна сцена на злосторство, Џејн и Мора сфаќаат дека убиецот го проширува својот круг на жртви. Тој избира една посебна жена како негова следна жртва, а таа знае дека тој доаѓа по неа. Таа е единствената којашто може да им помогне на Џејн и Мора да го фатат убиецот.
Но, таа знае една тајна. И тоа е тајна што никогаш нема да ја каже...
Знам една тајна
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Тес Геритсен
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Повикот на кукавицата
Број 1 интернационален бестселер. Напнат крими-роман сместен во атмосферата на Лондон – од тивк..
413 ден 550 ден
Цртежи од темнината
Жестоко и имагинативно исплетен натприроден трилер, за девојка која работи како дадилка на детенце с..
450 ден 600 ден
Ознаки: znam edna tajna, tes geritsen

