Пред три години Сага Бауер добила заканувачка разгледница ПАЈАК, со опис на пиштолот и девет бели куршуми – од кои еден е наменет за нејзиниот партнер, инспекторот Јона Лина. Праќачот напишал дека Сага е единствената што може да го спаси. Сага му ја покажала разгледницата на Јона, но времето минувало, а заканата избледела како бесмислена провокација. Се досега.
Најдена е вреќа со распаднато тело како виси од дрво кај Капелскер, а на местото на убиството најдена е избелена чаура. Полицијата наскоро сфаќа дека суровиот сторител им дава можност, преку комплицирани загатки, да ја прекинат серијата убиства. Јона Лина и Сага Бауер, рамо до рамо се обидуваат да ја решат загатката и да ги спасат означените жртви. Но, се чини дека секогаш стигнуваат предоцна. Ловот станува се повеќе личен и се понеизвесен. Овој сериски убиец можеби е невозможно да биде запрен…
Пајак
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Лаш Кеплер
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
За ваше добро
Теди Крачер ја освоил наградата Наставник на годината на престижната академија „Белмонт“, училиште з..
392 ден 490 ден
Последното нешто што ми го кажа таа
Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат н..
315 ден 420 ден
Ознаки: pajak, las kepler

