Студентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.
Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.
Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.
Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.
Слични продукти
Малтешката размена
Смртоносна трка за најстарата тајна на Ватикан.Папата е мртов. Конклавата за избор на негова замена ..
590 ден
Преживеј за да раскажуваш
KОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и..
420 ден
Бесконечен
Неговата сопруга е мртва, но тој зборува со неa! Дали тој има шизофренија или пак е реалност? Е..
490 ден
Сенка
Се додека не беше откриено првото тело, никој сериозно не ја сфати видеоснимката. Секретарката од ад..
490 ден
Ознаки: oddel d, frida mekfaden
