Добре дојдовте во светот на брилијантниот детектив со необичен ум – инспектор Гамаш, легенда од рангот на Херкул Поаро и Шерлок Холмс!
Во планинските предели на Квебек се наоѓа идилично канадско селце, кое нема да го најдете на карта. Таму животот е толку спокоен што локалните жители не ги заклучуваат вратите. Сè додека едно утро омилената и почитувана сликарка Џејн Нил не е пронајдена мртва во шумата. Прободена со стрела во срцето. Случајот е предаден на блескавиот главен инспектор од одделот за убиства, Арманд Гамаш. Вистинска знаменитост во полициските кулоари, проникливиот детектив доаѓа од Монтреал за да ја разгатне мистеријата. Жителите се убедени дека станува збор за несреќен случај за време на лов, но Гамаш брзо открива дека во наизглед тивкото село секој има своја тајна и маска. И дека клучот на загатката се крие во една слика на сликарката, создадена кратко пред да умре.
„Инспекторот Гамаш е модерен Поаро, кој решава срцепарачко убиство.“
Слични продукти
Патриотска закана
Историјата на Законот за данок на доход стои во 16-тиот амандман во Уставот на САД. Но, една тајна г..
440 ден 550 ден
Исчезнатиот маркиз
Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!Запознајте ја Енола ..
224 ден 280 ден
Семејството на горниот кат
Роман на Лиса Џул, бестселер автор на „Њујорк тајмс“, приказна за минатото на едно семејство, ч..
392 ден 490 ден
Ознаки: mracen motiv, luiz peni
