Еден нов брачен пар е во потрага по куќата од нивните соништа. Но, кога го посетуваат големиот и изолиран имот кој некогаш ѝ припаѓал на докторката Адриен Хејл, позната психијатарка која исчезнала без трага пред четири години, опасна снежна бура ги заробува на имотот… и не остава простор за заминување оттаму додека не заврши.
Барајќи некоја книга за да се занимава додека веењето не стивне, Триша случајно пронаоѓа една тајна соба. Соба каде има аудио записи од секој можен пациент кој доктор Хејл некогаш го интервјуирала. Додека ги слуша касетите, Триша открива ужасна низа настани кои всушност воделе до мистериозното исчезнување на доктор Хејл.
Триша ги слуша касетите една по друга, до доцна ноќе. И со секоја следна касета, уште по едно делче од шокантната сложувалка си доаѓа на свое место, а пајажината од лаги на психијатарката полека се отплеткува. И тогаш Триша стига до последната касета. А таму лежи целата грозоморна вистина...
Никогаш не лажи
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Фрида МекФаден
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
390 ден
-
- 1 или повеќе 390 ден
Слични продукти
Куќа на светлината
Во голема трошна куќа на врвот на еден рид, едно девојче живее само…Нејзиното име е Ева, има десет г..
413 ден 550 ден
Лавиринт на духовите 2 дел
Алиса Грис и инспекторот Варгас ја истражуваат мистеријата на исчезнувањето на министерот Маурисиус ..
338 ден 450 ден
Мојот драг маж
Џејд и Кам Ласки во секој поглед се среќен брачен пар со две прекрасни деца, простран дом и бизнис с..
443 ден 590 ден
Ознаки: nikogas ne lazi, frida mekfaden
