Исчезнатото момче е пронајдено во шумата кога веќе сите ја изгубиле надежта. Николин има дванаесет години и изгледа дека е добро: некој го хранел, облекувал, се грижел за него. Но не е можно да се открие кој, бидејќи Нико не зборува. Неговата свест е како куќа во тотален мрак, во којашто, наизглед, е невозможно да се влезе.
Единствениот кој може да допре до него е детскиот психолог Пјетро Гербер. Најдобриот хипнотизер во Фиренца е повикан да го истражи умот на Ник и да ја открие неговата приказна. И иако изгледа невозможно, тој успева во тоа: препознава чкрапало - движење, комбинација на зборови - коешто придвижува нешто во момчето. Но, кога Нико почнува да ја раскажува својата приказна, Пјетро Гарбер сфаќа дека отворил врата на заборавена соба. Соба во којашто се крие нешто злокобно. На хипнотизерот му е јасно дека нема многу време за да го спаси Нико бидејќи наскоро запаѓа во опасна замка на шума од илузии и измами. Гласот на момчето под хипноза е гласот на детето.
Но, приказната - приказната не е негова...
Слични продукти
Семејството сепак останува
„Семејството сепак останува“ е роман за извртени бракови, распаднати семејства и смртоносн..
392 ден 490 ден
Драг господине М.
Своевремено славен писател, М. го постигнал најголемиот успех со трилер базиран на случај на исчезну..
360 ден 450 ден
Добра и лоша
Понекогаш, лоши работи им се случуваат на добри луѓе, па добрите луѓе се принудени да прават лоши ра..
416 ден 520 ден
Ознаки: kukja bez spomeni, donato karizi

