Од зад завесите, Сара кришум го набљудуваше младиот брачен пар како излегува од куќата. Беше невообичаено да се видат луѓе на соседниот имот. Се прашуваше колку тоа ќе ги промени нивните животи. Засега, реши да почека и подобро да ги запознае. Мораше да ја стекне нивната доверба.
Кога го запознав Ричард, веднаш се вљубив во него. Можеше да ми обезбеди сè што отсекогаш сум посакувала. Куќа од соништата, безбедност, а најмногу од сè, љубов по којашто очајно копнеев. Живеевме мирен живот среде пустелија, само ние во нашиот мал свет.
Затоа, кога се продаде куќа отспротива што беше празна со години, бев исплашена. Дали нашите нови соседи ќе го распарчат совршениот живот што Ричард го создаде за нас? Штом ги запознав Џулиет и Дени, се уверив во спротивното. Обземени од тага по смртта на нивната ќерка, се преселиле овде во потрага по мирен живот и шанса за нов почеток. За кусо време увидов дека токму такви соседи ни беа потребни.
Сè беше добро додека Џулиет не го виде детето во нашата градина. Морам да ја убедам дека си замислува. Морам да го направам Ричард среќен. Ако сакам да го сочувам она што го имам, таа никогаш не смее да ја дознае вистината.
Дека мојот совршен живот е изграден на најсмртоносната лага...
Животот што го посакуваше
- Издавачка куќа: Букленд
- Автор: Мел Шерат
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
343 ден
-
- 1 или повеќе 343 ден
Слични продукти
Куќата со жолта фасада
Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го з..
225 ден 300 ден
Мртво тело во библиотеката
Едно рано утро полковникот Бантри и неговата сопруга Доли ги буди вознемирувачкиот глас на куќната п..
304 ден 380 ден
Страниците што недостигаат
Хари Вајднер се качува на Титаник, стискајќи ја цврсто непроценливата книга што неодамна ја купи во ..
443 ден 590 ден
Мистеријата на трите четвртини
Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгис..
300 ден 400 ден
Ознаки: zivotot sto go posakuvase, mel serat

