По напорната недела, Тања Кејтлин со нетрпение очекува да помине безгрижна вечер во својот дом, но кога ќе излезе од тушот, го слуша мобилниот телефон како ѕвони. Нејзината најдобра пријателка Карен Вард ѝ се јавува преку видеоповик. Тања одговара и – кошмарот започнува.

Карен е врзана за столче во нејзината дневна соба, со затворена уста. Ако Тања успее да даде точен одговор на две прашања, нејзината пријателка ќе преживее, но ако одговори погрешно тогаш ќе биде сведок на ужасно и одвратно убиство. Длабокиот, рапав и демонски глас од другата страна на линијата ѝ се заканува на Тања дека ако го прекине повикот или само го сврти погледот настрана, таа ќе биде следната.

Хантер и Гарсија се наоѓаат во вител на злото додека го истражуваат случајот. Трагаат по предатор кој своите жртви ги наоѓа на улица и на социјалните мрежи. Им ги проучува грешките, ги измачува со анонимни пораки и ужива во нивниот страв…

Во „Јавувачот“ владее напнатата, бурна атмосфера типична за романите на Крис Картер. Тој одново ни докажува дека освен што е надарен писател е и вешт познавач на човековата психа и криминалната природа. Подгответе се за роман чии страници се вртат со зашеметувачка брзина на филм!

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Јавувачот

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Крис Картер
  • Достапност: На залиха
  • 520 ден
  • 416 ден


Слични продукти

Сличната

Нејзината мајка добива панични напади и само со една пилула се ослободува од демоните што ја мачат.&..

Автор:

384 ден 480 ден

Скулптор на смртта

„Имаш среќа што не го запали светлото…“Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го нао..

Автор:

392 ден 490 ден

Човекот од огледалото

Шеснаестгодишната Џени Линд е киднапирана сред бел ден додека се враќа од училиште. Однесена е во за..

Автор:

504 ден 630 ден

Плен

„Плен“ е самостоен психотрилер на Ирса Сигурдардотир од кој смрзнува крвта и кој ќе ви предизвика бе..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: javuvacot, kris karter