Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов… Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација.
„Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее. Може да го чита кој како милува, но ретко дека некого ќе го остави рамнодушен.
Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не.
Девојката Смрт
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Луцие Фаулерова
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Семејни тајни
Доколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е т..
472 ден 590 ден
Градината на пеперутките
Во една изолирана стаклена палата има стаклена градина. Во оваа градина растат разнобојни цветови, б..
343 ден 490 ден
Скриено во сенките
#2 УБИСТВАТА ВО ОРЕ Тајни, одмазда и брутално убиство ја нарушуваат идиличната зимска атмосфера..
375 ден 500 ден
Ознаки: devojkata smrt, lucie faulerova
