Книгата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на Нетфликс.
Корт Гентри е добар човек. Но, исто така, тој е поранешен врвен американски разузнавач и неверојатен професионален убиец. На оние што го демнат од сенка, тој им е познат како Сивиот човек. Тој е легенда во мистериозниот свет, се префрла од една на друга работа, екогаш во акција, постигнувајќи го невозможното… Потоа наеднаш исчезнува. И тој секогаш погодува во целта. Секогаш.
Но, има сили на светот што се поопасни од Гентри. Сили како што се на пример парите. И моќта. Има агенти, мафијаши, професионални убијци, држави кои сакаат да го елиминираат. Од Иран, Сирија, Украина, Франција, Албанија, Нигерија, Англија, од сите страни на светот. Некои не веруваат во неговите способности. За едни е мит, а за други минато. Но, Корт Гентри ќе докаже дека за него, нема разлика помеѓу убивањето за да се заработува за живот и убивањето за да се остане жив.
„Овој роман е како добро наострен нож: безмилосен и смртоносен. Сивиот човек на Марк Грини е Борновиот идендитет за новиот милениум… Никогаш досега еден убиец не бил толку реален, а сепак толку смртоносен. Погодува како куршум во гради… Книга што не се пропушта.“ - Џејмс Ролинс
„Силен, брз и непобедлив – токму таков каков што треба да биде еден трилер.“ - Ли Чајлд
„Приказната е возбудлива, а убиствата се толку експлозивни, што при вртењето на страниците, ни дава чувство како да играме некоја врвна видео игра.“ - Њујорк Тајмс
Сивиот човек
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Марк Грини
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Последното нешто што ми го кажа таа
Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат н..
315 ден 420 ден
Доктор Сон
Продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата м..
400 ден 500 ден
Благосостојба
Празничната сезона го обземa Вашингтон, но во Метрополитенската полиција предмет на истрага станува ..
368 ден 490 ден
Затворениот ковчег
Леди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот ..
300 ден 400 ден
Ознаки: siviot covek, mark grini
