Инспекторката Силвија Силјановска е во Берлин на специјализација. Заедно со нејзиниот партнер Волтер Феликс се повикани од сосетката на семејството Мејнер, која кога отишла кај своите соседи, не ѝ отворил никој, а на влезната врата видела отпечаток од крвава рака. Ги пронаоѓаат убиени мајката и нејзините две ќерки, од кои девојките се само „успиени“, а мајката е масакрирана на свиреп начин, додека младиот Рихтер Мејнер, внукот на убиената, момче кое е во инвалидска количка, е пронајден жив, заклучен во неговата соба. Нема никакви траги од убиецот и нема осомничен. Но ова не е единствено вакво убиство што се извршени на ваков начин и каде што убиецот се потпишува со крвава рака.
Силвија сосема случајно ја запознава Елена Христовска, сопруга на свештеникот Михаил, што е дојдена во Берлин како предавач на женска конференција. Средбата и разговорот ѝ помагаат на Силвија да се соочи со својата тежина што ја носи со себе, но Елена е и единствената која може да ја спаси и од убиецот.
Дали убиствата ќе престанат и дали убиецот ќе биде фатен? Бидете подготвени за напната приказна со многу пресврти што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Одмазда
- Издавачка куќа: Збор
- Автор: Емилија Златкова Анастасова
- Достапност: In Stock
- 320 ден
-
224 ден
-
- 1 или повеќе 224 ден
Слични продукти
Зло под Сонцето
Херкул Поаро се наоѓа на одмор во еден повлечен луксузен хотел во Девон, на југот на Англија. Сè што..
304 ден 380 ден
Престара за ова
Тивкиот и повлечен живот на една жена, пензиониран сериски убиец, е нарушен од неочекувана посетител..
392 ден 490 ден
Седум лаги
Сè започна со само една мала лага... Но никогаш не завршува тука. Eдна лага води кон друга..
368 ден 490 ден
Ознаки: odmazda, emilija zlatkova anastasova
