Една ноќ, непознат маж влегува во луксузниот дом на поз­натиот банкар и тајкун Хари Макнамара и неговата жена Џули. Непознатиот, го претепува Хари додека згрозената Џули сето тоа само го набљудува, скаменета од страв. Речиси неполн час после нападот, ЏП Карни, се предава на полицијата. Признава дека до смрт го претепал Хари, но тврди дека нападот не е смислен претходно и дека не го знаел името на жртвата. Со оглед на тоа дека станува збор за озлогласениот банкар Хари Макнамара, детективите не можат, а да не се запрашаат, дали е навистина случаен чин на насилство или е поврзан со еден од многубројните гревови на Хари: корупција, себичност, прељуби, предавство…

Овој возбудлив психолошки крими-трилер ќе ве натера да се запрашате кој е вистински виновник: Хари, Џули или ЏП? И дали предавањето на Карни е мотивирано од грижата на совест или неговото признавање е уште еден пресметан потег во таа смртоносна игра? Авторката Џо Спејн мајсторски ги портретира ликовите, но и случувањата во Ирска – Келтскиот тигар – пред економскиот подем и по крахот во последните децении.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Признание

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Џо Спејн
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 323 ден


  • 1 или повеќе 323 ден

Слични продукти

Снежна виулица

Ледена новогодишна вечер. Снегот ја прекрива Ирска шибана од ветрот, додека дивиот океан беснее. Шес..

Автор:

323 ден 430 ден

Барање за пријателство

Еден млад писател дознава за трагичната смрт на грчката шампионка во пинг-понг и решава да истражи н..

Автор:

154 ден 220 ден

Запишано со крв

Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели п..

Автор:

456 ден 570 ден

Бегство

Како да фатите бегалец кој нема што да изгуби?Еден опасен затвореник, на кој му се посреќува, се пуш..

Автор:

294 ден 420 ден

Ознаки: priznanie, djo spejn