„Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“
Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.
Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.
Слични продукти
Детето што сакаше елени
#3 Миа Кригер и Холгер МункЗима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомоби..
450 ден
Ме сака, не ме сака
Познатите убијци имаат клубови на обожаватели.Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. ..
450 ден
Колатерална штета
Исаија Џејмс умира на рацете на воениот психијатар Брук Адамс при експлозија во кафуле во Кабул, при..
420 ден
Патасана
Археолошко ископување во антички хетитски град во близина на границата со Сирија ќе открие плочи нап..
550 ден
Ознаки: eden po eden, kris karter

