Ако го најдеш, готово е. Тој веќе доаѓа по тебе.
Сè започна едно утро кога полицијата пронајде тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството. Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезна пред една година и го сметаа за мртво.
Може ли убиецот да биде клуч за решавање на старото злосторство? И дали сè е само случајност или можеби нешто многу позаплеткано? Времето истекува, а убиецот го продолжува крвавиот пир. За да ги спасат невините животи, детективите мораат да преминат преку меѓусебните расправии и да откријат кој се крие зад овие свирепи убиства. Едно е сигурно, неговата мисија не е завршена. И никој не е безбеден.
Книга што доживеа неверојатен светски успех! Наскоро како ТВ серија на "Нетфликс"!
„Еден од најдобрите и најстрашните трилери оваа година… Ќе ве хипнотизира вештината на новиот мајстор во жанрот.“ ‒ Киркус Ривјус
„Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив.“ ‒ Њујорк Тајмс
Слични продукти
Погрешно место, погрешно време
Можеш ли да спречиш убиство откако веќе се случило?Крај на октомври. После полноќ. Го чекаш својот о..
520 ден
Succubus
„Се знае и за ѓаволските книги што си ги читала. А се знае што чуваш во ковчежиња и дека си го уби с..
400 ден
Ќе го најдам клучот
Дојде време да се дешифрира неверојатно брилијантната мистерија на едно убиство од Алекс Андорил, но..
420 ден
Сличната
Нејзината мајка добива панични напади и само со една пилула се ослободува од демоните што ја мачат.&..
480 ден
Ознаки: covek od kosteni, soren svejstrup
