Северна Кореја прва го зададе ударот, а САД не го остави ударот без одговор, така што избувна Третата светска – нуклеарната војна. Цивилизацијата е уништена после неколкумесечната размена на атомски експлозии. Оние што ја преживеаја војната, со голема брзина се претвораат во зомби од вирусот МОБ, што дејствува за неколку секунди. По некое чудо, Јапонија преживеа. Тоа е последното засолниште на цивилизацијата, каде што сè уште има неконтаминирани ресурси за храна и вода, наука, индустрија, дури и уметност.

Островот Сахалин служи како зона помеѓу Јапонија и уништената Евроазија, која што е вистински пекол од инфицираната популација. Сахалин е мала и ужасно пренаселена територија со милиони Кинези и со помалку привилегираните Корејци и Американци, кои ги плаќаат гревовите на нивните предци што ја започнаа големата војна. Сахалин е територија од кошмарни затвори и логори.

Сирењ е привлечна и убава синоока девојка, футуролог и ќерка на Русинка и Јапонец со висок ранг. Таа добива задача да ги проучува условите во затворите и логорите и економската ситуација на островот. Нејзиниот професор верува дека Сахалин во неговите екстремно критични услови, можеби е територијата каде што се обликува иднината. Со нејзиното пристигнување на островот, Сирењ, добива помош од професионален убиец. Артјом ќе ѝ се придружи и ќе ја штити. Нивната мисија на островот е пеколно опасна…

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Островот Сахалин

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Едуард Веркин
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 323 ден


  • 1 или повеќе 323 ден

Слични продукти

Кодот на Да Винчи

Мега-бестселерот на Ден Браун сега е достапен за новата генерација на читатели. Оваа адаптација е со..

Автор:

450 ден 600 ден

Списокот со гости

Невеста, кум, планерка на свадби, деверица, тело...На остров крај брегот на Ирска, се собираат гости..

Автор:

360 ден 450 ден

Париската вдовица

Во овој крајно неизвесен трилер на една од најпродаваните авторки на Ју-ес-еј тудеј, Кимберли Бел, п..

Автор:

390 ден 520 ден

Доктор Сон

Продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата м..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: ostrovot sahalin, eduard verkin