#2 Миа Кригер и Холгер Мунк
Тинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набргу, на шумска ледина е пронајдено нејзиното мртво тело на постела од пердуви, врамено во пентаграм. Случајот е доделен на Одделението за убиства на полицијата во Осло, со истражителите Холгер Мунк и Миа Кригер. Работата е посебен предизвик за Миа, која сè уште води борба со суицидните мисли и со зависноста од апчиња и од алкохол.
Во меѓувреме, Миријам, ќерката на Мунк, доживува емоционална криза и ја преиспитува својата улога на сопруга и мајка. Откако ќе го запознае младиот интересен активист, почнува да се прашува каде исчезнала нејзината страсна политичка ангажираност, а романтичните чувства што се будат во неа ќе ја одведат директно во рацете на еден исклучително болен ум…
Истрагите на тимот Мунк и Кригер се вртат во круг сè додека не им се јави мистериозен хакер што им покажува вознемирувачко видео. Снимката разоткрива нови детали за трагичната судбина на убиената девојка, а на крајот се гледа дури и убиецот, облечен како був – птицата на смртта.
Слични продукти
Мимики
Што кога ќе те обвинат за убиството на сопственото семејство?Хана се буди во мотелска соба и не може..
550 ден
Сличната
Нејзината мајка добива панични напади и само со една пилула се ослободува од демоните што ја мачат.&..
480 ден
Снежна виулица
Ледена новогодишна вечер. Снегот ја прекрива Ирска шибана од ветрот, додека дивиот океан беснее. Шес..
430 ден
Убиствата во Флит хаус
Ненадејната смрт на еден ученик во Флит хаус, во Свети Стефан - мало приватно интернатско училиште в..
600 ден
Ознаки: buvot lovi samo nokje, samuel bjork
