Едно рано утро полковникот Бантри и неговата сопруга Доли ги буди вознемирувачкиот глас на куќната помошничка, која им соопштува дека долу во нивната библиотеката има мртво тело. Иако не верувајќи, тие навистина наоѓаат мртво тело на една млада, силно нашминкана девојка облечена во вечерен фустан. Никој не знае која е таа и како воопшто се нашла токму во домот на Бантриеви.
Тогаш, Доли ја повикува нејзината пријателка и аматер-детектив, госпоѓицата Марпл, за да помогне во откривањето на идентитетот на девојката и расветлувањето на ова убиство. Освен за овој случај, оваа кротка, но мошне прониклива старица, ќе успее да ù помогне на полицијата и при расветлувањето на уште еден случај на убиство, директно поврзано со првото убиство...
Романот „Мртво тело во библиотеката“, објавен во 1942 година, е необична приказна со многубројни меѓусебно испреплетени и живописни ликови, а како што велат и книжевните критики: „Не треба многу време за да се прочита ова дело, но двата случаи на убиство изобилуваат со толку мистерија околу нив, што нема да сакате да ја оставите книгата додека не се открие убиецот со помош на остроумноста и интуицијата на Џејн Марпл“.
Мртво тело во библиотеката
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Агата Кристи
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
304 ден
-
- 1 или повеќе 304 ден
Слични продукти
Распарчени
Пајпер Мекена не можеше да биде повозбудена што нејзиниот „изгубен“ брат Риф се врати во Јенси, Алја..
413 ден 590 ден
Долината на стравот
Шерлок Холмс се соочува со еден од најопасните случаи во својата кариера. Тој добива загадочно ..
225 ден 300 ден
Момчето од шумата
Човекот познат како Вајлди е мистерија за сите, вклучително и за себеси. Пред неколку декади бил про..
344 ден 430 ден
Ми припаѓаш мене
Истрагата на суровите убиства што ја води детективот во Одделот за убиства Фицпатрик ќе го одведе до..
338 ден 450 ден
Ознаки: mrtvo telo vo bibliotekata, agata kristi
