Осум луѓе, кои меѓу себе не се познаваат и немаат никаква врска еден со друг, се поканети да дојдат како гости на Војничкиот остров од страна на извесни г. и г-ѓа Овен. По пристигнувањето таму, дознаваат дека домаќините се отсутни, но тука се г. и г-ѓа Роџерс како нивна послуга. Отсечени од копното и во неповолни временски услови, што секако придонесува за една морничава атмосфера, секоја од овие личности ќе биде обвинета за сторено злосторство преку гласот на грамофонската плоча во текот на првата заедничка вечера.
Дополнително, во секоја соба каде што се сместени гостите, како украс стои врамената детска песничка „Десет мали војници“ во која тие еден по еден исчезнуваат низ низа несреќни случаи. Што ќе се случува со гостите на островот кога стиховите од песничката ќе станат злокобна најава и за нивната сопствена смрт? Секоја страница од романот е исполнета со неизвесност, возбуда и брилијантен расплет...
Романот „И на крајот не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, се смета за ремек-дело на Агата Кристи. Воедно, таа изјавува дека ова е романот со кој и таа самата е најзадоволна како бил напишан. Инаку, оригиналниот наслов на ова дело е „Десет мали црнци“, кој на американскиот пазар фигурирал како „Десет мали Индијанци“, но во поново време за наслов на книгата е прифатен последниот стих од детската песничка.
И не остана ниту еден
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Агата Кристи
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
304 ден
-
- 1 или повеќе 304 ден
Слични продукти
Сето тоа ќе ти го дадам
Мрачни семејни тајни, убиства, измами и вечната потрага по вистината сместени во прекрасно опишаниот..
488 ден 650 ден
Убиства со монограм
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се д..
300 ден 400 ден
Островот на стаорците
Секојпат длабоко нè потресува она што е конечно и неповратно...Добредојде на Островот на стаорците, ..
400 ден 500 ден
Ознаки: i ne ostana nitu eden, agata kristi
