Замислете го вашиот најголем страв. А сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар...
Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.
Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?
Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија...
Слични продукти
Непријателска намера
Ава Џексон стапила во војска веднаш по завршувањето средно училиште, но болеста на нејзината мајка ј..
408 ден 510 ден
Речиси нормално семејство
"Речиси нормално семејство" е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одг..
400 ден 500 ден
Последното нешто што ми го кажа таа
Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат н..
336 ден 420 ден
Ознаки: djelatot, kris karter

