Роман на Лиса Џул, бестселер автор на „Њујорк тајмс“, приказна за минатото на едно семејство, чии закопани тајни се закануваат да излезат на виделина. Бидете внимателни кого ќе пуштите во својот живот.
Откако ќе го прослави својот дваесет и петти роденден, Либи Џонс го пронаоѓа долгоочекуваното писмо. Конечно го дознава, не само идентитетот на нејзините родители, туку и дека е единствениот наследник на нивната напуштена палата на бреговите на Темза, вредна милиони. Но, она што таа не го знае е дека и други го чекаат тој ден.
Пред 25 години, полицијата била повикана на адресата „16 Чејн Вок“. Полицискиот извештај вели дека биле повикани поради плачење на бебе. Кога пристигнале, нашле здраво десетмесечно дете како си лежи во своето креветче во спалната соба. Во кујната се откриени три мртви тела, сите облечени во црно. Другите четири деца, пријавени дека живеат на истата адреса, ги нема. Романот „Семејството на горниот кат“ ни ја расплетува приказната за две меѓусебно поврзани семејства што живеат во куќа што ги крие најтемните тајни.
„Богат, темен и превртлив роман, неверојатна мешавина на една семејна сага со мрачен расплет, за на крајот да се чувствувате како да сте биле под ладен туш.“ – Рут Вер, бестселер автор на „Њујорк тајмс“
„Роман што ќе ве остави без сон и ќе ве прогонува длабоко во ноќта.“ – Меган Миранда, бестселер автор на „Њујорк тајмс”
Семејството на горниот кат
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Лиса Џул
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
Слични продукти
Мрежата на Кајзерот
Во овој неверојатен роман поранешниот агент на Министерството за правда, Котон Мелоун, открива тајно..
472 ден 590 ден
Заробеништво
Во првиот век од новата ера, токму во периодот кога се одвива распнувањето на Исус Христос, еден мла..
472 ден 590 ден
Разговори со пријатели
Франсис е млада жена со навидум студен карактер и мрачна надворешност, која се занимава со пишување ..
360 ден 450 ден
Ноќно пливање
Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и осл..
392 ден 490 ден
Ознаки: semejstvoto na gorniot kat, lisa djul

