Книгата го поставува прашањето: Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен човек што, додека во светот се случуваат вакви нешта, ја гледа само својата удобност и останува рамнодушен? 

Цел на серискиот убиец Мижачот се педофилите. Секогаш ги убива со ист ритуал. Ги носи силувачите на места што се поврзани со деца и покрај нив остава играчка. Покрај тоа, им ги врзува очите со кадифен превез и им пресекува дел од десното уво. Поради ова го нарекуваат Мижачот. Пред неколку години имало слични случаи, но убиецот не бил фатен. Сега, кога тимот на началникот Невзат доаѓа на местото на злосторството, од глетката заклучуваат дека Мижачот повторно се вратил. Жртвата е педофилот што претходно се обидел да ја заведе и ќерката на началникот, пред таа и мајка ѝ да загинат во вооружен напад. Поради сето ова случајот почнува да станува почувствителен.

„Крикот на ластовицата“ го буди интересот на читателите со својата богата фикција и со возбудливото темпо, како и со чувствителниот приод кон општествените случувања, нудејќи многу повеќе од еден детективски роман. Дали може да се оправда едно убиство, од каква и да е причина?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Крикот на ластовицата

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Ахмет Умит
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 375 ден


  • 1 или повеќе 375 ден

Слични продукти

Зад решетки

Тимот мора да се сврти кон себе за да го реши нерешениот случај што го става нивниот водач зад решет..

Автор:

450 ден 600 ден

Добра и лоша

Понекогаш, лоши работи им се случуваат на добри луѓе, па добрите луѓе се принудени да прават лоши ра..

Автор:

390 ден 520 ден

Само таа остана

Сите мислат дека Ленора Хоуп е убиец.Кога нејзиното семејство било масакрирано, таа била единственат..

Автор:

375 ден 500 ден

Шума на спомените

Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и пр..

Автор:

338 ден 450 ден

Ознаки: krikot na lastovicata, ahmet umit