Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата киднапирана ќерка – или да ризикува да ја изгуби засекогаш. Тоа е приказната на овој „интензивен и оригинален“ трилер (Стивен Кинг), кој ги освои наградите „Бери“ и „Макавити“ и беше прогласен за најдобар роман на годината според ITWA.
Тоа е нешто што родителите го прават секое утро: Рејчел Клајн ја остава својата ќерка на автобуската станица и се упатува кон своите обврски. Но, еден повик од непознат број менува сè: тоа е повик од жена што ја информира дека Кајли е киднапирана и единствениот начин Рејчел повторно да ја види е да ги следи точно нејзините упатства, да плати откуп и да најде друго дете за киднапирање. Ова не е обично киднапирање: јавувачот е мајка, чиј син е однесен и ако Рејчел не стори како што ѝ е речено, момчето ќе умре.
„Вие не сте први. И сигурно нема да бидете последни.“ Рејчел сега е дел од Синџирот, бесконечна и генијална шема што ги претвора жртвите во криминалци. Правилата се едноставни, моралните предизвици невозможни. Најдете ги парите брзо, пронајдете ја својата жртва и потоа извршете ужасен чин за кој сте мислеле дека не сте способни пред само дваесет и четири часа.
Но, она што го знаат умовите што стојат зад Синџирот е дека родителите ќе направат сè за своите деца. Kиднапирањето е само почеток.
Синџирот
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Адријан Мекинти
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Возот со деца
Трогателна приказна за љубовта, семејството и надежта, базирана на вистинити настани од периодот по ..
352 ден 440 ден
Париската библиотека
Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ù оди о..
280 ден 350 ден
Невообичаен Велигден
Пред Велигден, Емил оди во Џамбо да купи подароци за децата на сестра му Емили, која со семејството ..
210 ден 300 ден
Ознаки: sindjirot, adrijan mekinti

