Од мирните канали на Бриж, до елегантните простории на „Кралскиот замок Вавел“ и длабоко под земјата во античкиот полски рудник за сол, Малоун е фатен среде смртоносна војна – чиј исход се претвора во тајна позната како „Варшавскиот протокол“.

Откако поранешниот агент на Министерството за правда Котон Малоун беше сведок на кражба на една реликвија, тој од својата бивша шефица Стефани Нил дознава дека наскоро ќе се одржи приватна аукција каде што на највисокиот понудувач ќе му бидат дадени информации за претседателот на Полска, уцена што ја сакаат и САД и Русија, но од многу различни причини.

Цената за присуство на аукцијата е една од реликвиите, па Малоун е испратен во замок во Полска за да го украде илјада години старото Свето копје, значајно не само за христијаните, туку и за полскиот народ. Но, ништо не оди според планираното и Малоун е втурнат во крвава битка меѓу три нации околу информациите што, доколку бидат откриени, може да го променат балансот на силите во Европа.

Во најновиот бестселер на Њујорк тајмс „Варшавскиот протокол“, авторот ве води во една незамислива авантура каде што сте сведоци на исчезнувањето на седумте скапоцени реликвии „Арма Кристи“ од светилиштата низ целиот свет, кои се дел од распнувањето на Исус Христос.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Варшавскиот протокол

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Стив Бери
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 413 ден


  • 1 или повеќе 413 ден

Слични продукти

Серенада за Надја

Потресен роман заснован на вистински случај на потонат бегалски брод за време на Втората светска вој..

Автор:

338 ден 450 ден

Мементо за Истанбул

Каков воодушевувачки и брзочитачки детективски роман од перото на турскиот Агата Кристи.Мртво тело с..

Автор:

375 ден 500 ден

Зло под Сонцето

Херкул Поаро се наоѓа на одмор во еден повлечен луксузен хотел во Девон, на југот на Англија. Сè што..

Автор:

304 ден 380 ден

Синџирот

Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата ки..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: varsavskiot protokol, stiv beri